Бугаринот Петар Стојчев кој 11 пати победуваше на Охридскиот пливачки маратон, ќе биде дел од тимот на Томи Стефановски кој годинава е еден од фаворитите за победа на маратонот кој ќе се одржи утре.
„Пред 20 годни за прв апат дојдов во Охрид и мислам дека многу научив за овие 20 годни. Сметам дека може да победи само оној кој има многу голема желба. Охридскиот маратон е специјалем маратон затоа што условите во Охридското езеро се многу слични како оние во базен. Тоа значи дека оние кои не се подготвени да држат брзо темпо нема да стигне први до крајот“, рече Стојчев.
„Никогаш не се прогнозира со сигурност на маратонските трки, освен Петар во минатото, меѓутоа јас секогаш давам максимум. Пред трката многу е тешко да педвидиш како ќе одат работите бидејќи факт е дека оној кој е најсвеж и се чувтсвува најдобро може да дојде до пиедесталот. Годинава јас го направив најолемиот успех на македонското маратонско пливање и се надевам дека утре ако не прв ќе бидам на чекор до првото место“, рече Томи Стефановски.
Од Пливачката федерација на Македонија велат дека ќе се погрижат утрешната трка да помине во најдобар ред, пред се поради безбедноста на самите пливачи, но не истакнуваат детали околу техничкиот дел на маратонот.
Пливачкиот клуб „Охридски бранови“ по 26 години, годнава не е дел од организацијата на Охридскиот пливачки маратон.