Утре ќе се плива Охридскиот маратон

Од:

Вкупно 28 пливачи од четири континенти, од кои 17 во машка и 11 во женска конкуренција, ќе учествуваат на годинешниот 27-ми по ред Меѓународен пливачки маратон што утре ќе се плива на Охридското Езеро.

На патеката „Климе Савин“ во должина од 30 километри од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид ќе ги видиме водечките во генерален пласман во двете категории Даниел Блум од Аргентина и Олга Козјодуб од Русија. Тука е и Симоне Ерколи од Италија, како второпласиран во машка конкуденција.

Македонската пливачка експедиција во Охрид ќе ја предводат Томи Стефановски и Евгениј Поп-Ацев кои го делат третото место во генералниот пласман, а тука се и Александар Илиевски и Дејан Младеновски. За жал Македонија и овојпат нема да има своја преставничка на маратонот.

Стартот на трката е закажан во стандардниот термин од 12 часот, а првите пливачи на целта се очекува да пристигнат после 17 часот, зависно временските услови.

Наградниот фонд за Охридскиот маратон што се одржува во организација на Македонската пливачка федерација изнесува десет илјади долари, а традиционално покровител на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија е претседателот Ѓорѓе Иванов.

Неприкосновен победник на охридскиот маратон е бугаринот Петар Стојчев, кој има триумфирано дури 11 пати и е носител на рекордот на патеката, испливана за 5:19:30 часа. Стојчев е во Охрид, но не како пливач туку како дел од стручната придружба на нашиот маратонец Стефановски.

Охридскиот маратон е претпоследен во календарот на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Последниот маратон од серијата ќе се плива на 1 септември на патеката Капри кај Неапол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон

Горан Наумовски

Аргентинецот Матијас Хернандес победи на 35. Охридски пливачки маратон

И покрај хаосот со организацијата, пливачи прифаќаат учество на маратонот во Охрид

Кристијан Ландов

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов