И покрај хаосот со организацијата, пливачи прифаќаат учество на маратонот во Охрид

Од:

Се прават напори да се обезбедат што повеќе учесници на Охридскиот пливачки маратон. Општина Охрид испраќа покани, најверојатно ќе има околу 20 пливачи, а се очекуваат одговори и од други спортисти. Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, кажа дека заинтересираност за помош има и од бизнисмени кои понудиле средства. Според него, со толкав обем на заинтересираност, која ако опстане, другата година нема да треба институционални средства.

„Наградниот фонд од 10.000 евра ќе го покрие Агенцијата за млади и спорт, а за другите трошоци, Советот на Охрид ќе донесе одлука за доделување на 2 милиони денари од Општина Охрид. Тие ќе се префрлат на охридски клуб и ќе се организира маратонот. Уште пред два дена се известени пливачите за условите кои ќе бидат обезбедени и за условите кои ќе ги имаат од пристигнувањето во Охрид. Имаме позитивни одговори. Бројката се уште не се знае, ќе имаме околу дваесетина пливачи. Настрана од овие работи кои ги обезбедивме како институции, најголемата среќа за мене е што во текот на вчерашниот ден, многу охриѓани кои се успешни бизнисмени се понудија да помогнат“, кажа Пецаков.

Тој додаде дека по вчерашната координација со клубови и организатори на други манифестации, дошло до заклучок дека маратонот ќе се одржи.

„Неизмерна е среќата што Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Маратонот не е обична спортска манифестација, тој е многу повеќе од тоа. Тоа е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи маратон ќе има, иако пред се исправија големи пречки. Водени од помислата дека маратонот опстоил 60 години, можеби и во потешки времиња од овие денеска, во него животен труд вложиле плејада охриѓани. Маратонот е традиција, а традициите се работи кои ги одржуваат луѓето во тешките мигови“, рече Пецаков.

Претходно, Националната пливачка федерација се откажа од организацијата на пливачкиот маратон во Охрид. Ова наиде на револт. Охриѓани и спортисти се понудија тие да го организираат, а градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, презеде обврска општината да застане зад организацијата. На овој начин е спасено одржувањето на пливачкиот маратон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон

Горан Наумовски

Аргентинецот Матијас Хернандес победи на 35. Охридски пливачки маратон

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов

Општина Охрид ќе го организира пливачкиот маратон, за да не дозволи да пропадне овогодинешното издание

Кристијан Ландов