(ВИДЕO) Маленко: Иванов како покровител, го заборави Oхридскиот маратон

Од:

Ништо не е договорено ниту прецизирано на десет дена до одржувањето на 27 –от Охридскиот пливачки маратон. До овој момент не е остварена никаква комуникација помеѓу организаторот клубот „Охридски бранови“ и „Пливачката федерација на Македонија“, рече за А1, Никола Маленко, секретар во Охридски бранови.

Тој вели дека Охридскиот маратон кој е синоним за Охрид, ако вака продолжат работите може да биде прекинат или целосно девалвиран.

Маленко вели дека до ден денес немале никаков контакт ниту со претседателот на Македонија кој е покровител на маратонот, иако минатата година добиле ветување дека од оваа година на маратонот ќе му се врати стариот сјај.

„Во разговор на завршната вечер, претседателот Иванов рече дека ќе го вратиме сјајот на Охридскиот маратон, дека преку цела година ќе работат луѓе и дека ќе обезбедуваат средства преку спонзори. Во една прилика рече дека можеби и соседна Албанија ќе се вклучи ако не за овој можеби во некој друг маратон. Но верувале или не до ден денес не би сакал лично да го критикувам претседателот Иванов, ги критикувам оние кои работат околу него, можеби претседателот воопшто и не ја знае ситуацијата за маратонот. И ако не ја знае на две недели пред маратонот, а е покровител тоа за мене тоа е трагедија“, рече Маленко.

„До денес немаме никаков контакт ниту со претседателот на Македонија, Иванов кој е покровител на маратонот и неговите соработници.И чувствуваме дека им е тешко кога е во прашање организрањето и финсирањето на маратонот. Но постои надеж дека тоа што е покровител како Претседател на државата нема да си дозволи Охрид и Македонија и тој како институција да доживееме меѓународен срам“, додаде Маленко.

Мики Трајковски
Видео: А1он

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он