Општина Охрид ќе го организира пливачкиот маратон, за да не дозволи да пропадне овогодинешното издание

Од:

Градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука Општина Охрид да го организира овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Ова дојде по координативниот состанок кој беше одржан утрово. Пецаков за „А1он“ ја потврди информацијата.

Маратонот ќе биде поддржан и од спонзори, како и Агенцијата за млади и спорт. По долги години традиција и организација на маратонот од страна на Македонската пливачка федерација, ова ќе биде првпат, целата организација да ја прави Општина Охрид. На овој начин се спасува одржувањето на манифестацијата, бидејќи Федерацијата е со блокирана сметка и не можеше да го организира маратонот.

Првиот човек на Охрид, Пецаков, уште вчера посочи дека е срамота да не се одржи манифестацијата која е белег на Охрид.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон

Горан Наумовски

Аргентинецот Матијас Хернандес победи на 35. Охридски пливачки маратон

И покрај хаосот со организацијата, пливачи прифаќаат учество на маратонот во Охрид

Кристијан Ландов

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов