Тетовската полиција со уметнички проект ги убедува средношколците да не се пцујат меѓу себе

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово утре ќе стартува со финалните активности на превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција. Преку посебни предавања досега вкупно биле опфатени над 3.000 средношколци од прва година од Полошкиот регион.

Во рамки на овие активности, на педесетина ученици и нивните ментори ќе им бидат дистрибуирани сликарски материјали, со кои тие дома ќе изработуваат уметнички творби на тема „Не навредувај, различности почитувај“. Целта на проектот е и да се упати порака да се почитуваат различните мислења, припадности и ориентација, со цел да се поттикнат вистинските вредности и критериуми меѓу младите и да се намалат насилни и други постапки, како последица на претходно искажан и споделен говор на омраза, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Делата, кои ќе бидат изработени со овие материјали кон крајот на месецот, ќе бидат изложени во Тетово и Гостивар, со порака да му се застане на патот на говорот на омраза кој, за жал, е присутен, најмногу на социјалните медиуми и во што најчесто се инволвирани ученици од средношколска возраст.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Октоберфест е затворен од полицијата