Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Од:

Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата. Од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Тоа е околу 7 проценти од вкупниот број, велат од ДУИ.

– Истиот дисбаланс беше видлив и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 наградени најдобри полициски службеници, само еден беше Албанец.

Овие две бројки јасно ја покажуваат насоката на кадровската политика во Министерството за внатрешни работи.

Полицијата беше една од институциите во кои Охридскиот мировен договор донесе суштинска промена во застапеноста на Албанците. Правичната и соодветна застапеност беше утврдена како уставен принцип со цел државните институции да го одразуваат мултиетничкиот карактер на земјата.

Денес, 25 години по Охридскиот договор, податоците од МВР покажуваат назадување во овој процес.

Помалку од 40 Албанци од 549 новопримени полицајци и само еден Албанец од 30 наградени полициски службеници се конкретни показатели за оваа политика.

ДУИ ќе продолжи да ги следи конкурсите, унапредувањата и именувањата во Министерството за внатрешни работи и во другите државни институции, и јавно ќе го посочува секое нарушување на принципот на правична и соодветна застапеност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ