Преставници од Општина Зрновци денеска извршија технички прием на објектот и опремата на новоизградената градинка лоцирана на влезот во населбата, на магистралниот пат Зрновци – Кочани.
Според градоначалникот Блаже Станков, Општината која е финансиер на проектот, веќе доставила барање до Министерствиото за труд и социјална политика за добивање употребна дозвола по што се очекува одобрение од Министерството за труд и социјална политика за да почне со работа.
Градинката во општина Зрновци е на површина од 420 метри квадратни и има капацитет за 50 до 80 деца. Изградбата чинеше 230.000 евра. Финансиските средства се обезбедени од ИПА програмата за рурален развој. Опремата е обезбедена со средства од Министарството за труд.
Засега 30-тина дечиња од Зрновци секојдневно се носат на згрижување во градинка во Кочани.