Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски на жителите на Зрновци им порача дека знаат добро за што тој се залага, а за што другата страна која беше на власт 10 години и не донесе ништо позитивно за државата и младите.

Пендаровски порача дека со интеграцијата во ЕУ и НАТО се отвораат перспективи за младите да останат тука, во својата татковина.

– Едната врата кон Европа, кон демократскиот свет, ја отворивме со поканата за НАТО, сега во јуни со почеток на преговорите со ЕУ ќе ја подотвориме и втората која е значајна за младите, за развој на земјоделството за отворање нови работни места.

И јас исто како Владата, не ги делам луѓето по етничка или партиска припадност, сите ќе добијат еднаква шанса. По 12 мај ако јас бидам избран за претседател за мене сите ќе бидете без разлика за кого сте гласале. За досегашниот претседател само членовите на таа политичка партија постоеја. 8 години молчеше како риба, а последните две години само сопки ставаше на новата власт .

Доста се кавги и делби. Секој треба да има шанса за добар живот, државата мора да е економски развиена и демократска, рече Пендаровски.

Пендаровски од жителите на Зрновци побара да гласаат за бројот 3, бидејќи политичкиот противник води кон држава без иднина, а тој и власта, европска иднина и перспектива.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ги одликуваше Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Средба Пендаровски – Орјан: С. Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи засновани на доверба и почит

Ана Ололовска

Пендаровски го потпиша Указот за Законот за стратешки инвеститор за изградба на автопатишта

Ана Ололовска

ВИДЕО: Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Уметноста нѐ охрабрува да не се помируваме со злоупотребите, рече Пендаровски на „Охридско лето“

Жарко Настоски

Пендаровски: Жените и девојките самостојно да носат одлуки за своето тело, наша обврска е да овозможиме услови