Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Од:

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески денеска престојува во работна посета на општините Карбинци и Зрновци, каде оствари средба со градоначалниците Јордан Насев и Блаже Станков и направија увид во проектите поддржани од Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој во изминатата година, во општина Карбинци – Уредување-изградба на мал плоштад во село Радање и изградба на дел од локален пат село Радање – село Оџајлија, а во општина Зрновци изградбата на Етно Парк.

Павлески, како што стои во соопштението, појасни дека во 2018 и 2019 година Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој поддржа 23 проекти од Источниот плански регион, при што од буџетот на државата се издвоени 1.350.000 евра, а тенденција е средствата во наредната 2020 година да се зголемуваат.

Остануваме фокусирани и посветено работиме на поттикнување на рамномерниот регионален развој преку намалување на разликите помеѓу планските региони и поддршка на реални проекти кои имаат директен импакт врз развојот на општините и регионите.

На тој начин, обезбедуваме подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните, истакна Павлески

Би можело да ве интересира

Трет смртен случај во пожар во последниве 24 часа, човек изгорел во штала

Расчистен се случајот со киднапирањето во Карбинци, нема кривично дело соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска