ТЕ-ТО АД Скопје целосно ги демантира наводите на Управата за финансиска полиција изнесени на прес-конференцијата одржана на 21.06.2019 година, вели компанијата преку соопштение.
Компанијата работи согласно законите на државата уште од нејзиното основање и така ќе продолжи и во иднина. Тоа ќе го докажеме во правна постапка и ќе ги превземеме сите необходни правни дејствија за заштита на дејноста и имиџот на компанијата од неосновани обвиненија, наведува ТЕ-ТО АД Скопје.