Демант од Општина Битола: Не е направена измама, платен е само транспортот на асфалтот

Од:

Општина Битола ја демантира веста со наслов „Општина Битола плати 80.000 евра за ископан асфалт од Плетвар: Измама е, асфалтот никаде го нема“. Демантот го објавуваме во целост:

„Општина Битола, во целост ги демантира дезинформациите објавени во веста со горенаведениот наслов. Од страна на општината не е направена никаква измама, а тоа можете да го проверите и со увид во документацијата со која располага општината, а од која јасно се гледа дека: општината за транспорт, распостилање и вградување на 2792 м3 гребен асфалт, врз основа на комплетна документација за извршени работи, исплатила 4.941.840 денари.

Нагласуваме: економскиот оператор Стентон градба ДОО е исплатен врз основа на извршен транспорт, распостилање и вградување на гребениот асфалт на 11 локации (што значи дека не е платен гребениот асфалт, туку извршените работи, како и што стои во договорот).

Во интерес на професионалното новинарство и информирање на граѓаните, Ве покануваме да извршите увид на документацијата со која располага општината и за тоа објективно да ја информирате јавноста.
Во насока на нетенденциозно, навремено и точно информирање, очекуваме, нашиот демант целосно да биде пренесен“, стои во демантот од општина Битола.

Би можело да ве интересира

„Мирсат Комерц“: Се оградуваме од обвиненијата и демантираме неправилности во постапката за добивање на тендерот за чистење на автопатите

А1он

(ВИДЕО) Општина Битола плати 80.000 евра за ископан асфалт од Плетвар: Измама е, асфалтот никаде го нема

Орце Костов

ВИДЕО: Арсовска ќе го покрива асфалтот со тартан откако јавноста ја „запука“

Орце Костов

Саниран коловозот кај „Тифани“

А1он

Се создаде дупка во асфалтот кај автобуската постојка кај „Тифани“

А1он

Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Жарко Настоски