Демант од компанијата Супертрејд

Од:

Компанијата Супертрејд испрати демант за објавен текст на А1он со наслов: Фирми од Македонија вршат увоз на нафта од Албанија, дали неквалитетната нафта од Албаннија завршува и на македонскиот пазар?“:

„На ден 21.07.2017 (петок) на веб страницата на А1он беше објавен текст со наслов „Фирми од Македонија вршат увоз на нафта од Албанија, дали неквалитетната нафта од Албаннија завршува и на македонскиот пазар?“

Во посочениот текст неименувани автори кои се повикуваат на свои истражувања и разговор со неименувани извори тврдат дека пет фирми нарачувале гориво од Р. Албанија во набавки за кои што текстот сугерира дека се проблематични од законски аспект, односно дека горивото било неквалитетно.

Текстот ја споемнува компанијата „Супертрејд“ во негативна конотација служејќи се со невистини. Никој од редакцијата на А1он не ги контактираше одговорните во компанијата кога се работел овој текст и не е побарана изјава од наша страна со што се дозволи неточни тврдења да создаваат штети по нашиот углед, но и финансиски импликации по нашето деловно работење.

Од почетокот на оваа година „Супертрејд“ има истргувано 80.000 тони нафта од Република Грција од рафинеријата „Хеленик Петролеум“, податоци достапни и на Царината на чии што извори овој текст се повикува.

Исто така треба да се напомене дека во Р. Македонија беше вршен увоз на нафтени деривати од Р. Албанија и Р. Србија, исто така, во периодот на активната блокада на границата со Р. Грција која траеше во периодот Јануари-Февруари 2017 година, поради штрајкувањето на грчките земјоделци. Со оглед дека Р. Македонија е енергетски високозаависна од Р. Грција во делот на нафтените енергенси, а со цел задржување на стабилноста на нашата домашна економија и континуитетот во функционирањето на целата бизнис активност во Р. Македонија, лиценцираните домашни увозници на нафта и нафтени деривати беа приморани да најдат супстанција на добавувач и се обратија кон алтернативните извори на нафтени деривати во Р. Албанија и Р. Србија.

Извори вклучени во проверките на квалитетот на нафтата, кои официјално потврдија дека количината од милион литри е неквалитетна, брифираат дека на списокот компании кои годинава правеле увоз од Албанија се Алов Илинден – Скопје, Црна Река Петрол од Кавадарци, Супертрејд – Скопје, Гуливер инженеринг- Скопје и Дади Оил од Виница. Дали властите спроведувале контрола при увоз на нафта од Албанија, оти овој сериозен скандал не смее да заврши само со блокираните цистерни на царина во Косово, се вели во текстот.

Тимот на „Супертрејд“ им стои на располагање на новинарите за увид во нашата документација и договори, како и записници од редовни и успешни контроли од страна на институциите во РМ.

Во интерес на точното и фер информирање бараме овој демант да биде објавен во целост и на начин пропишан во членот 14 од Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда“ се вели во демантот на Супертрејд.

Би можело да ве интересира

„Мирсат Комерц“: Се оградуваме од обвиненијата и демантираме неправилности во постапката за добивање на тендерот за чистење на автопатите

А1он

Демант од Општина Битола: Не е направена измама, платен е само транспортот на асфалтот

Орце Костов

Собранието демантира дека од стенограмите на излагањето на Силјановска бил избришан зборот „рекет“

TE-TO АД Скопје ги демантира наводите на Управата за финансиска полиција

Ексдиректорот на катастар ги демантира наводите на Тунџев за кривичната пријава

МЗШВ: Николовски манипулира надевајќи се на политички поени

А1он