Татко го натерал малолетниот син да ограби пензионерка од Битола

Од:

Полицијата го уапси В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син.

Вчера околу 9.20 часот на улицата „Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а неговиот татко се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото.

По преземени полициски мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски