Таравари: Промените се во кутиите кои полека се отвораат, се надевам дека на 8 мај ќе победиме

Од:

Ви благодарам што толку масовно излеговте на гласање. Во овие избори имаше помасовно излегување, што зборува дека промените ни доаѓаат. Ние како Влен сме пресреќни дека добивме гласови, генерално од Албанците, рече кандидатот за претседател Арбен Таравари на првата прес конференција по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.

„Промените се во кутиите кои полека се отвораат. Гласот на граѓанинот не треба да се злоупотребува никако. Се надевам дека на 8 мај Влен ќе победи и ќе дојде долгоочекуваната промена, ДУИ да отиде во опозиција“, рече Таравари.

Тој изрази надеж дека нивните набљудувачи на изборните места ќе следат целосно како се одвива процесот на броење на гласовите и дека нема да има проневери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?