Таравари: Менувањето на имињата на училиштата во Чаир е смешен чин

Од:

Генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на денешната прес-конференција истакна дека менувањето на имињата на неколку училишта во Општина Чаир е смешен чин.

– ДУИ е на власт 18 години и не ги смени имињата на училиштата имајќи ги локалната и централната власт. Имајќи ги сите инструменти на власт не успеаја да ги сменат имињата на училиштата и сега на само еден месец пред изборите ги сменија. Ја поздравувам оваа одлука, но требаше уште многу порано да се направи, а не сега. И господинот Заев вели дека оваа одлука е незаконска. Мислам дека е многу некоректно пред народот да се прават овие игри што ги направиле исто како што ги направија и со ВМРО-ДПМНЕ. Истата работа се повторува. Сметам дека треба да се занимаваат со инфраструктурата на училиштата. Имињата на училиштата требаше да ги сменат, но не сега еден месец пред изборите, рече Таварави.

На новинарско прашање околу денешниот став на Заев објавен на Фејсбук дека менувањето на имињата на училиштата е законско, Таравари посочи дека Заев е препознатлив по тоа што преку ден ги менува ставовите три-четири пати.

– Јас не можам да ги слушам сите промени на ставовите што ги прави. Вчера прочитав дека негов став е дека одлуката е незаконска, денеска може да каже дека е законска, но може вечер да излезе и да каже да се вратат старите имиња на училиштата, изјави Таравари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Шокиран сум од мешањето на ДУИ и СДСМ во случувањата во Алијанса

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

АА: Демири и Бајрами за министри за здравство и информатичко општество и администрација

Горан Наумовски

Таравари: Фрлениот куршум има јасна заканувачка мафијашка порака, но не можете да замолчите, убивате, запрете народ

Предраг Петровиќ

Куршум пред вратата на домот на Таравари, физички напад врз Небиу – гори конфликтот во Алијанса за Албанците

Анита Петровска Рајковиќ

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал