Владата ги брише Албанците и албанскиот јазик од спотот за независноста, реагира Алијанса за Албанците

Од:

Алијансата за Албанците реагира на владиниот спот објавен по повод 35-годишнината од независноста на државата, оценувајќи дека во него Албанците се недоволно застапени, а албанскиот јазик целосно отсуствува.

Од партијата велат дека е неприфатливо официјален материјал, финансиран и од даноците на албанските граѓани, да биде претставен преку, како што наведуваат, едноетнички наратив.

„Албанците биле нераскинлив дел од најважните политички и општествени процеси во земјата, од периодот на осамостојувањето, преку изградбата на демократските институции, интеграцијата во НАТО, па сè до патот кон Европската Унија“, се наведува во реакцијата.

Алијансата за Албанците бара Владата да го повлече спотот и да објави нов материјал кој, според нив, ќе биде репрезентативен и инклузивен и ќе го одразува придонесот на сите заедници во државата.

Од партијата воедно го критикуваат и молкот на албанските претставници во Владата, оценувајќи дека тие не реагираат иако, како што наведуваат, се засегнати прашања поврзани со застапеноста и достоинството на Албанците.

„Државата им припаѓа на сите нејзини граѓани и државната симболика треба да го потврдува тоа“, порачаа од Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Утре прес-конференција за финансирањето на прославата за 8 Септември: Владата тврди „нула денари“, СДСМ вели дека платила Државна лотарија

A1on

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

35 години независност: На Македонија повторно ѝ се потребни обединување и политички консензус

A1on

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски