Тантуровски: Не поднесувам оставка, нема корупција во Антикорупциска

Од:

Јас не чувствувам одговорност, не бев посочен како одговорен ниту во извештајот и од тие причини немам намера да поднесам оставка, изјави претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Игор Тантуровски, по обелоденувањето на скандалот за трошењето во Комисијата.

„Извештајот беше направен за интерна употреба, но целта на неговото објавување во јавноста беше единствено да се дискредитира Комисијата и нејзините членови. Тоа што беше објавено е парафразирано и е далеку од вистината. Целта на извештајот беше да се дадат препораки за тоа како да се постапува за одредени недоследности“, рече Тантуровски.

Тој тврди дека случувањата во последните денови се политички притисок врз него и работата на Коомисијата. Тој гарантира дека нема корупција во Антикорупциската комисија. Тантуровски рече дека извештајот не може да биде официјално споделен со јавноста.

Ревизорскиот извештај на УЈП за работата на Комисијата што беше објавен во медиумите покажа дека некои од членовите користеле неверодостојни патни налози за кои им биле исплаќани патни трошоци. Дополнително, како ненаменско трошење буџетски пари се посочуваат и трошоците за ручеци и вечери во ресторани, што членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување стан.

Ревизијата се однесува на составот на Комисијата на чело со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова-Аџикотарева и Сејди Халили, кои на оваа функција во ДКСК се од април 2015.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ