Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Од:

Извештајот на Европската Комисија за владеењето на правото претставува директна пресуда за моделот на владеење што го практикува ДПМНЕ. Наместо институции што го штитат јавниот интерес, Комисијата опишува држава во која корупцијата продолжува да навлегува и во секторите од кои зависат животот и здравјето на граѓаните. Здравството, јавните набавки и распределбата на јавните средства остануваат меѓу најризичните области, додека државата не покажува доволно резултати во нивното расчистување, велат од Левица.

– Особено загрижува оценката дека корупциските ризици во здравството и натаму остануваат високи. Тоа е реалност што секојдневно ја плаќаат пациентите. Недостиг на терапија, сомнителни набавки, хаотично управување со јавните здравствени установи и хронично отсуство на одговорност, создаваат систем во кој граѓаните стануваат заложници на партиско-коалициските лукративни интереси. Европската комисија предупредува токму на секторот каде што човечкиот живот не смее да зависи од партиски кадри и клиентелистички мрежи.

Извештајот предупредува и дека јавните набавки остануваат една од најранливите точки за корупција – парите на граѓаните и понатаму се изложени на ризик од злоупотреби, фаворизирање и нетранспарентно трошење. Додека власта зборува за регионално, европски најјак економски раст, Европската Комисија предупредува дека токму механизмите преку кои се трошат средствата од народната каса, остануваат меѓу најподложните на коруптивни влијанија.

Подеднакво поразителна е констатацијата дека лицата кои пријавуваат корупција сè уште немаат доволно ефикасна заштита. Во држава во која чесниот службеник ризикува повеќе од корумпираниот функционер, невозможно е да се очекува успешна борба против криминалот. Режимот на ДПМНЕ создава атмосфера во која молчењето е побезбедно од кажувањето на вистината.

Додека Европската комисија предупредува дека корупцијата и натаму е вкоренета во најчувствителните делови на државата, Мицкоски се прогласува за регионален првак во реформите и ја претставува Македонија како лидер во регионот. Неговите изјави звучат како од некоја паралелна држава во која вмровското соопштение се смета за реформа, приведувањето за правосилна пресуда, а ветувањето за резултат.

Левица останува единствената парламентарна партија која доследно ги отвора овие прашања без разлика кој е на власт. Поднесувавме кривични пријави, инициравме разрешувања на функционери, предлагавме законски измени и предупредувавме на секој обид за слабеење на антикорупциските механизми. Денес, најновиот извештај на Европската комисија потврдува дека тие предупредувања биле точна дијагноза на државата, додаваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти