Тага, солзи и свеќи за загинатите Блажо и Пено

Од:

Струмица жали за двајцата браќа, кои ги загубија животите во гаснењето на пожарот во струмичко.

50-годишниот Блажо и 45 годишниот Пено, едниот татко на три, другиот на две деца, и двајцата вработени во „Македонски шуми“, беа проголтани од пламените јазици, додека несебично помагаа да се сопре огнената стихија, која беше дело на нечиј монструозен ум.

Во родниот Рич, тага, траор и неверување. Сите што ги познаваа велат дека биле добри луѓе, чесни и загинаа херојски.

Траорна атмосфера и огромна жал и во Струмица. На плоштадот се палат свеќи за трагично загинатите Блажо и Пено.

Денеска во Струмица е ден на жалост.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on