Свлечиште на патниот правец Маврово – Дебар, сообраќајот во целосен прекин

Од:

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека од 14 часот и 40 минути, поради свлечиште на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манстирот „Св.Јован Бигорски“, сообраќајот е во целосен прекин.

Поради интензивните снежни врнежи, на повеќе патни правци ширум државата е воведена и забрана за движење на тешки товарни возила.

Забрана за движење на тешки товарни возила и натаму има и на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, на патниот правец Ресен – Битола на планинскиот превој Буково, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, потоа на патот Прилеп – Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос, како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде што забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он