АМСМ: Поради метеж на терминалот Блаце, товарниот сообраќај пренасочен од г.п Блаце кон бензиска „Дизел“

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ соопшти дека утрово во 07:15 часот поради поголем метеж на терминал Блаце, товарниот Сообраќај е пренасочен од г.п Блаце према бензиска „Дизел“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Авто-мото сојузот потсетуваат дека од 15.11.2026 година започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 17 Ноември, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот утрово се одвива по влажни коловози, од вчера задолжителна зимска опрема

На Табановце се чека и до 40 минути за влез и излез од државава

А1он

АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

А1он

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски