АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Од:

Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија информира дека поради протест на грчките земјоделци, од 17.10 часот сообраќајот на ГП Евзони (Граничен премин Богородица) е во прекин. Во двата правца е во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан поради сообраќајна несреќа.

АМСМ известува и дека од 15 часот денеска ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101.

Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.

Би можело да ве интересира

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на преминот „Богородица” во последните 24 часа

Колони возила на „Богородица“ за излез од државата

На „Богородица“ се чека околу 15 минути