Светски ден на Ромите

Од:

Во Македонија денеска со повеќе активности ќе биде одбележан Светскиот ден на Ромите 8 април.

Одбележувањето, како што посочуваат организторите е можност за потсетување на историскиот развој на борбата за остварување на правата на Ромите на меѓународно ниво и во Република Македонија.

– Периодот на изолираност и маргинализираност денес претставува само една фаза од развојот на заедницата на Ромите во Република Македонија. Денес, новите генерации со силна мотивација и желба го прифатија предизвикот да бидат носители на прогресот, на промените во генетскиот код кои резултираат со надминување на комплексот на пониска вредност. Денес ги промовираме новите вредности на генерацијата млади Роми кои даваат значителен придонес во развојот на македонското современо општество, посочуваат од ромските невладини организации „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница и „Баирска Светлина“ од Битола.

Во рамки на одбележувањето Во Битола ќе биде прикажан документарен филм „Придонесот на Ромите во изградба на современото македонско општество“, во кој се евидентираат значајни личности Роми, од сферата на професионалниот, општествениот и јавниот живот во Република Македонија и нивниот придонес во изградбата на современото македонско општество и објаснување како тие секој во својата област, даваат придонес во креирањето и спроведувањето на јавните политики.

По повод Светскиот ден на Ромите во единствената ромска општина во светот Шуто Оризари се организира културно – музичка манифестација.

– Единствената општина со мнозинско ромско население, општина Шуто Оризари, по повод 8-ми Април организира културно-музичка во која ќе се прикаже ромскиот фолклор, традиционалната музика испеана од врвни ромски музичари од Македонија и светот, истакнуваат од општината.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Светски ден на Ромите

Од:

По повод Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими лидерите на политичките партии на Ромите во Република Македонија.

Клубот на млади на општина Шуто Оризари во рамки на Црвениот крст на град Скопје по повод одбележувањето на Светскиот ден на Ромите денеска ќе организира крводарителска акција, а во ГЕМ клубот ќе се одржи јавна дебата на тема „Неформалното образование е повреднувано на пазарот на труд од формалното“.

Осми април е прогласен за Меѓународен ден Ромите на Првиот светски конгрес на Ромите одржан од 4-ти до 8 април 1971 година во Лондон. Тогаш е усвоено ромското знаме, песната „Ѓелем, ѓелем“ е прифатена како ромска химна и е утврдено сите дијалекти на ромскиот јазик да бидат рамноправни.

Ромскиот јазик има индоевропско потекло и неговите корени потекнуваат од стариот пенџаби или хинди дијалект. Во светот живеат над 12 милиони Роми кои во историјата имале неколку големи миграции од Индија кон Европа и Америка. Во 1995 година Советот на Европа го прифати користењето на терминот „Роми“ во своите официјални документи.

Според последниот попис на населението во 2002, во Македонија живеат 53.879 Роми или 2,66 проценти од популацијата. Ромите во Македонија се уставно признати како конститутивен народ, имаат политички партии, медиуми на ромски јазик, а Шуто Оризари е единствен пример во Европа каде што Ромите се мнозинство во општината.

Македонија ја поддржува Декадата на Ромите (2005 – 2015) – меѓународна иницијатива за подобрување на социјалната и економската положба на Ромите, која е поддржана и од Бугарија, Хрватска, Словачка, Чешка, Црна Гора, Романија, Србија и Унгарија. Денот на Ромите од 2007 година е државен празник во Република Македонија за граѓаните кои и припаѓаат на ромската етничка заедница.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов