(ВИДЕО) Сведоштво: Бабата и дедото се обиделе да ги спасат внуците од пожарот

Од:

Бабата и дедото се обиделе да ги спасат внуците од пожарот во Тетово, сведочи роднина на семејството Зулбеари, во чија куќа утринава се случи трагедија.

Тетовецот Фетиш Алиу вели дека во 4 часот изутрината разбрал дека избувнал пожар во куќата на неговите роднини.

„Свекорот и свекрвата се обиделе да ја спасат снаата и четирите деца, но не успеале поради силниот пламен“, вели Алиу.

Сè уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари.

Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на којашто се затоплувале или, пак, од неисправна инсталација.

Во огнената стихија која го зафатила нивниот семеен дом на улицата Гоце Делчев успеале да се спасат свекорот и свекрвата, кои спиеле на долниот кат од куќата.

Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици. Во моментот кога се случила трагедијата мајката била сама со нејзините деца на горниот кат од куќата, додека нејзиниот сопруг бил на работа.

Како што дознава А1он, во пожарот ги изгубиле животите деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар, итна евакуација на Халкидики

Предраг Петровиќ

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Невесиње: „Се очекува да пристигне хеликоптер за да помогне во гаснењето на пожарот“

ЦУК: Активни се девет пожари низ државата

Драма во близина на Херцег Нови: Пожар ги зафати ридовите, 50 куќи се загрозени, жителите се подготвуваат за евакуација

(ВИДЕО) Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор