Судски совет два часа ја дебатира пресудата за враќање на Дамева на претседателското место

Од:

Судскиот совет два часа дебатира за пресудата на Управниот суд, со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судски совет. Колегиумот на членовите на советот доаѓа откако вчера известија дека пресудата од Управен суд стигнала и до нив, а бидејќи немаат право на жалба, во рок од 30 дена Дамева треба да се врати на чело на советот.

Дамева дојде на чело на советот на 5 декември 2022 година, а во април минатата година, беше разрешена на две одделни седници, бидејќи на првата, немаше доволно гласови „за“, на седница на која немаше соодветно образложение, а која почна да ја води тогашнот заменик-претседател, Селим Адеми.

Таа пак, освен тужба до Управниот суд, поднесе и кривична пријава до Обвинителството, со став дека во нејзиното разрешување било сторено делото „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Четврти ден протести на плоштадот во Приштина против пресудата во Хаг – најавен е собир во Њујорк пред зградата на ОН

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Кривична пријава против 27 лица – незаконско внесуваa категории во возачки дозволи

А1он

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Стружанец доби кривична за даночно затајување – го оштети буџетот на државата за над 73.000 евра

А1он