Судир на четири возила причина за смртниот случај во вчерашната сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Од:

Тетовецот кој го загуби животот во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово настрадал кога две возила се судриле, па удриле во две паркирани возила. Прво се судриле „голф“ и товарно возило „мерцедес“ по што удриле во „опел зафира“ и „пежо“ кои биле паркирани.

Сега веќе починатиот Ф.Р (45) бил сопатник во пежото, кое го управувал Е.К.(27), а се паркирале поради дефект на возилото.

-На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник од товарното возило „пежо“, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“ Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Возилото „голф“ со тетовски регистарски ознаки било управувано од М.А.(33) од с.Требош, а товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје. Возилото „Опел зафира“ со тетовски регистарски ознаки, било паркирано од Ш.К.(49). Сообраќајката се случи околу 16.40 часот, кај натпатникот за Требош. По несреќата беше извршен увид.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид