Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Од:

Седумдесет и едногодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 22.500 евра од две лица кои му ветиле дека ќе му завршат работа за откуп на државно земјиште.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен вчера во 10:30 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, оштетениот телефонски стапил во контакт со лице со иницијали А.Н., со кое се договорил дека заедно со неговиот познаник В.Н. ќе му посредуваат за откуп на државно земјиште. Во неколку наврати тој им предал вкупно 22.500 евра.

Откако сфатил дека бил измамен, случајот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок