Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Од:

Во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ управувано од Г.С.(56) од Кочани и возило „пежо“ управувано од А.М.(29) од Кочани.

– Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, информира МВР.

Кај неговиот сопатник С.С. и возачот на патничкото возило „пежо“ се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он