Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

Од:

Петмесечно бебе е пронајдено починато утрово во семејниот дом во општина Чучер-Сандево, соопшти МВР.

Според информациите, денеска во 06:05 часот во СВР Скопје од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено починато бебе од скопско.

Како што наведуваат од полицијата, таткото околу 05:30 часот во семејниот дом го пронашол петмесечното бебе, кое било предвремено родено, без знаци на живот, по што веднаш го однел на Детската клиника.

Лекар на клиниката констатирал смрт, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка