Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Од:

Уапсен е возачот на камион кој усмрти пешак на регионалниот пат Прилеп–Градско.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 11 мај во 18:05 часот, кога товарно возило „сканија“ со приколка и кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ. (89) од општина Росоман.
Пешакот починал на местото на несреќата од здобиените повреди, а смртта ја констатирал лекар.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а по насоки на обвинителот возачот е лишен од слобода. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он