Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид

Од:

Во акциска контрола спроведена синоќа во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад привеле седум странски државјанки поради нелегална работа.

Како што соопшти полицијата, приведени се А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29) и А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија.

При контролата во ноќниот клуб, тие биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 217 од Законот за странци.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски