Судијката од „Рекет“: Досега сум немала никакви притисоци за предметот

Од:

Васка Николовска Масевска, судијката што го води случајот „Рекет“, денеска за првпат, што не е практика за судот, одржа средба и брифинг со новинарите кои ги следат судењата и им даде можност да поставуваат прашања во врска со предметот. Таа вели дека би сакала ова да стане практика со цел да се зголеми транспарентноста на судот и да се разјаснат одредени прашања, а сепак да не се коментираат доказите во случајот, ниту пак да се изнесуваат лични ставови.

Николовска Масевска вели дека досега немала никакви притисоци, ниту пак влијанија за тоа како и во која насока да го води судењето. Очекувано, едно од прашањата на новинарите беше и тоа „Ќе го пуштите ли Бојан Јовановски од притвор“, прашање кое судијката одби да го одговори.

Таа рече дека до 15 март се закажани уште 8 рочишта за „Рекет“ – на ред се сведоците предложени од одбраната на двајцата обвинети, Бојан Јовановски – Боки 13 и на ексшефицата на СЈО Катица Јанева.

Од одбраната на Јовановски прифатени се 12 сведоци, од кои четворица ќе сведочат наредниот четврток и петок (27 и 28 февруари). Меѓу нив се Владимир Тодоровиќ, сопственикот на „Тинекс“ и Цветан Панделески, газдата на „Пелистерка“.

Одбраната на Катица Јанева има предложени 13 сведоци, од кои голем дел се нејзините колеги, поранешните специјални јавни обвинители.

Експремиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев не се на листата сведоци.

Новинарите ја прашаа судијката и дали на една од снимките од следењето на Зоран Милески-Кичеец, обезбедени со ПИ-мерки, се гледа дека тој се среќава со братот на Зоран Заев, Вице, и со адвокатот Ване Андреев. Николовска Масевска рече дека не може да го потврди тоа.

Таа не сакаше да прејудицира дали со вакво темпо на судења, би можело да има пресуда за „Рекет“ до денот на изборите, 12 април.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка