Судиите може да тужат за додатоците што не им биле исплатени за преостанатите месеци

Од:

Работната група при Здружението на судиите формирана за исплата на платите на судиите и други додатоци предвидени со законите, на втората седница донесе два заклучока. Со првиот заклучок предлагаат измени на Законот за измената и дополнувањето на Законот за платите на судиите од 2010 година, кои се однесуваат на основицата за пресметување на платите на судиите.

Во однос на додатоците на плата, работната група заклучила дека во согласност со законот и другите подзаконски акти, судско-буџетскиот совет бил должен да ги исплаќа додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите. „Од тие причини работната група смета дека судиите своите права за заостанатите месеци може да ги остварат преку поднесување тужби“, пишува во соопштението на работната група на Здружението на судиите.

Членовите на судскиот буџетски совет одлучија да им ги исплатат додатоците на плата од 35 отсто на судиите ретроактивно за 2 месеца во износ од приближно 21 илјада денари, но и самите си изгласаа зголемени плати. Министерката за правда, Рената Дескоска-Треневска, рече дека зголемувањето на платите на членовите на Судскиот совет е скандалозно, а Обвинителството најави истрага.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он