Судењето за „27 април“ продолжува на 6 февруари

Од:

Судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година продолжува на 6 февруари со завршни зборови на одбраната.

Судијката Добрила Кацарска денешното рочиште го прекина по три часа во кои завршни зборови даде бранителот на Митко Чавков, прифаќајќи го барањето на бранителот Еленко Миланов рочиштето да не трае после 15 часот поради приватни причини.

Следното рочиште продолжува со завршни зборови на адвокатите на останатите 16 обвинети во овој случај, по што можност да изнесат завршни зборови ќе имаат и сите 17 обвинети.

Бранителот на Чавков, адвокатот Сашко Дуковски во завршниот збор, нагласи дека не постои никаква вина, ниту докази дека го сторил кривичното дело кое, како што рече, било наведено со само една нецела реченица.

– Како дејствија на извршување на обвинетиот се наведува „со неиздавање наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за обезбедување внатре и надвор од Собранието” и со тоа наводно дозволил да се случи дејствието во законодавниот дом. Сметам дека со пола реченица наводно дејствие не е доволно за некој да биде обвинет за вакво кривично дело, изјави Дуковски.

Посочи дека Митко Чавков е невин и не сака да префрла вина, но согласно член 20 од упатството за кое се терети Чавков дека не ангажирал дополнителни специјални сили, истото тоа можел да го стори и министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој тоа го кажува и во својот исказ.

Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

Обвинителката Вилма Рускоска, во завршни зборови, рече дека на судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со 10 години затвор, а друг за истото е амнестиран и дека за судот треба само да влијаат фактите што ги видовме во судницата. 

Би можело да ве интересира

Завршни зборови за „Беса Транс“ на 17 јануари

Орце Костов

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска