Стружани пијат загадена вода полна со бактерии

Од:

Пијат ли стружани загадена вода полна со бактерии? Водата од изворите Шум од каде стружани се снабдуваа со вода за пиење не одговара на стандардите, а тоа го покажуваат и документите од анализите до кои дојде и А1. Во нив пишува дека дека според испитуваните параметри примерокот вода не одговара на правилникот за безбедност на вода и оти има приуство на бактеријата ентерококи. Ова за А1 го потврди и директорот на Проаква Ваит Ајро. Според него главна причина биле градежните работи кои се изведувале на таа локација.

-Водата е органски загадена и е органски оптеретена. Квалитетот на водата на сите позиции не одговара за пиење. Тоа значи дека водата од прва категорија е претворена во втора категорија и повеќе. Додека тоа го откривме, граѓаните пиеја загадена, заматена вода. Да не кажувам кој се бактерии се појавуваат од пореметувањето. Алармантноста не е само во квалитеот ќе биде и во недостаток на вода во Струга, рече Ајро

Поради ваквата состојба во моментов пумпните станици кај Шум се исклучени, а градот сега се снабдува со вода од Горнобеличките извори. Ајро вели дека Горнобеличките извори најмногу уште еден месец можат да одговорат на потребите на градот, по што изворите кај Шум повторно ќе треба да бидат ставени во функција.

Прво треба да се види од каде доаѓа загадувањето на водата и да се отстранат сите механички причини. Езерото треба да се обезбеди според сите стандарди. Проаква треба да преземе се што треба за да граѓаните пијат исправна вода вели Атанаско Михаилов директор на Завод за здравствена заштита во Охрид.

Стружани се жалат на постојана заматеност и неубав мирис на водата од градскиот водовод. Велат дека поради тоа најчесто се одлучувата да купуваат флаширана вода. Последните анализи на водата биле направени во април, следните ќе бидат готови на крајот од овој месец.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски