СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Од:

По враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен. Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење – над 5.000 луѓе побараа лекарска помош. Мицкоски од екскурзија „пушти“ вода за пиење во Гостивар. А документ за исправност на водата сè уште нема, велат од СДСМ.

– Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август. Наместо премиерот и министерот за здравство – полицаец држи здравица и објаснува колку е „вкусна“ водата. Во случајот со Гостивар видовме целосна негрижа: иако анализите покажаа дека водата е загадена со фекалии, никој не ги предупреди граѓаните. Тие со денови пиеја отруена вода. Се отру и самата болница.

Прво еден „полицаец“ (министерот Тошковски) ја хиперхлорираше, потоа друг (Ангелов) ја пушти во употреба со здравица. Од почетокот на кризата – нема ниту едно стручно лице. Ниту еден документ со анализи. Ниту една институција и одговорно лице што стои зад исправноста. Обвинителството на чело со Савевски е целосно на екскурзија. Ниту трага, ниту глас. Пет недели – ниту еден одговорен за Гостивар. Единствено што слушаме се соопштенијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, преку нивните и Орбановите медиуми, дека „сончаницата му го заматила мозокот“ на проф. д-р Венко Филипче и на целиот СДСМ.

Откако повеќегодишните лажни вести и измислени афери граѓаните веќе ги препознаа, сега преминуваат на нов вид кампања – отворено исмејување. Над 50 места во Македонија немаат објавени анализи на водата. Само во последните три дена – уште два случаи со отровни материи во водата во Демир Капија и минералната вода во Кривогаштани. Четири реки се загадени – сè уште нема одговорни. Ова е власт составена од тендер-патриоти, предводена од човек кој во најголемата здравствена криза во последните две години (труење со вода, епидемија на жолтица и западнонилска треска) одлучи да оди на екскурзија – заедно со половина од својата влада. Ароганцијата нема крај. А одговорност сè уште нема, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

Мицкоски: За првпат по подолг период извозот расте побрзо од увозот – се намалува дефицитот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски