Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Од:

Околу десет полицајци од полициска станица во Амјен, Франција, беа затруени откако пиеле контаминирана вода поради дефект во водоводот.

За време на реновирањето на полициската станица, направена е грешка што довела до насочување на дождовница во чешмите, додека водата од главните водоводни цевки била поврзана со санитарните јазли. Анализите на водата покажале присуство на измет од гулаби и други животни, објавува BFM TV.

Еден од полицајците рекол дека откако ја испил водата добил силни болки во стомакот, а лекар утврдил дека добил инфекција што ја добил од пиење вода на работа.

Според полицискиот синдикат Un1te во Амјен, досега се евидентирани околу 15 полицајци со здравствени проблеми.

Вработените ја истакнуваат необичната боја на водата од јануари, но и покрај ова, водата останала во употреба.

Префектурата на департманот Сома објави дека системот е исчистен и дезинфициран на 31 август и дека во наредните денови ќе се вршат нови анализи на водата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Повеќе од 32.000 луѓе протестираат низ Франција, демонстрантите се судрија со полицијата

Горан Наумовски

Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот

Горан Наумовски

Француските власти истражуваат голем сајбернапад врз супермаркети

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ