(ВИДЕО) Столтенберг: Против лажните вести борете се со фактите и вистината

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека најдобра одбрана од лажни вести е ширење на фактите и вистината. Одговарајќи на новинарско прашање за подготвеноста на Македонија за борба против лажните вести по денешниот состанок на Северноатлантскиот совет во Скопје, Столтенберг рече дека лажните вести се алатки кои ги поткопуваат демократските институции и не се прифатливи.

„Јас сум уверен дека најдобриот одговор на ширењето дезинформации и на пропаганда е ширење на фактите и на вистината, тие ќе преовладаат. Имаме факти, имаме отворена дебата, а за тоа исто така ни се потребни слободни медиуми, потребни ни се новинари кои ги проверуваат своите извори, медиуми кои ќе имаат различни ставови за иста тема и кои што ќе разгоруваат отворена дебата. Најважното нешто што ние треба да го направиме е да се осигуриме дека се придржуваме до демократските вредности на кои што се заснова нашата Алијанса, демократијата, владеењето на правото, индивидуалните слободи и слободни медиуми кои што не треба да бидат жртви на пропагандата туку треба да ги обезбедат фатите. Тоа е најдобриот начин на кој што ќе се осигуриме дека имаме силни демократски процеси и институции“, рече генералниот секретар Столтенберг.

Тој им честиташе на премиерот Зоран Заев и на Северна Македонија за способноста за надминување сериозни тешкотии кои довеле до посилна демократија за што како показател ги посочи слободните и фер избори.

Горди сме што успеавме за една година слободата на медиумите да ја поместиме од 109 место на 95 место, рече премиерот Зоран Заев

Премиерот Заев рече дека дел од домашните институции веќе работат на „сајбер сејкурити“ и најави дека за борба против лажните вести ќе го применуваат искуството на земјите членки на НАТО.

„Вистинските вредности на НАТО се владеење на правото севкупните слободи и права на демократските процеси меѓу кои и слободата на медиумите. Ние сме горди  што успеавме за една година слободата на медиумите да ја поместиме од 109 место на 95 место што е скок од 14  места и верувам дека уште многу треба да работиме да го подобриме тоа. Но слободата не медиумите ги носи и лажните вести. Ние ги следиме сите процеси кои што НАТО ги почнува, како НАТО земјите членки се подготвуваат и даваат успешни модели, така и ние ќе ги применуваме. Веруваме дека вистинските факти, преку брзата реакција на самите институции се најголемата алатка за борба против лажните вести. Ќе продолжиме на тој начин да бидеме респонзивни и брзо да реагираме со вистинските факти затоа што некогаш лажните вести може да нанесат голема штета на одредени процеси и личности, институции. Како идна земја членка на НАТО комплетно ќе бидеме адаптирани со сето она што претставува позитивно искуство од нашите партнери од Алијансата, но овде ни треба и поддршка од медиумската заедница. Верувам дека ќе ја имаме за сите заедно да придонесеме за уште подобро, демократско општество за сите, рече премиерот Заев.

На заштита на интернет просторот премиерот рече дека веќе работат Министерство за внатрешни работи Министерство за одбрана, Министерство за информатичко општество и администрација и Министерството за правда. Еден дел, според премиерот се работи заедно со здруженијата на новинарите.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Столтенберг: „Сојузот на авторитарни сили“ сè повеќе соработува против Западот

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството