Стојаче Ангелов сериозно размислува да се кандидира на претседателските избори што треба да се одржат во март наредната година.
Размислувам да влезам во претседателската трка, но конечна одлука за мојата кандидатура сè уште не е донесена. Правиме анкети и за десетина дена ќе донесеме конечна одлука – вели Анѓелов.
Достоинство вчера излезе од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, затоа што, според Ангелов, самостојно ќе постигнат повеќе успех.