Стоилковски: Со нарачано сведочење се гние во затвор, за рекетирање се ужива во кафеани

Од:

Македонија е држава со која владее режим на мафијата, и во која има политички затвореници, осудени со драконски казни врз основа на некредибилни, крајно сомнителни и однапред договорени сведоци кои што менуваат изјави во замена за помали казни.Во Македонија милениците на режимот на мафијата, оние кои што го поддржувале и учествувале во криминалот на мафијата, а се фатени и со аудио-видео снимки познати на јавноста, се осудуваат минимално, и иако осудени или се дома или се уште се шетаат низ улиците рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Милески, Кичеец, Кичевскиот, е десна рака на режимот на мафијата, човекот кој што е организатор на „Рекет“ заедно со Катица Јанева, пуленката на Заев, и Боки 13, , Кичевскиот е врзан во бизнисот меѓу Дака и режимот на мафијата, за што и Заев потврди дека влијаел на одлуките на тетовскиот Совет за „ШИК Јелак“, Милески Кичеец, Кичевскиот е човек кој што одработувал за режимот на мафијата, и сега иако цел свет го виде како излегува и заминува со полната Луј Витон торба, полна со рекет, наместо в затвор, ужива на летните тераси.Наспроти ова, во затвор, во најлоши услови, со огромни казни, лежат луѓе за кои што цела држава бара повторно судење, заради искази на некредибилен сведок, за што веќе се јавно објавени и неговите лични тајни сведоштва дека се осудени невини луѓе за делото за кое што се пресудени овие драконски казни“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?