ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста.
Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица. Чекорите што ги презема Владата се насочени со посебен фокус кон младите. Оперативниот план за 2026 година има за цел да создаде долгорочни ефекти преку програми за самовработување, практикантство, обуки и мерки за зголемување на конкурентноста и вештините на работната сила, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Предвидено е стимулација за вработување на млади во производни капацитети, со што околу 3.500 млади лица до 23-годишна возраст ќе добиваат младински додаток во износ од 3.000 денари. Во 2025 година за првпат беа воведени мерки што директно ги таргетираат младите, а тоа е важен чекор во справувањето со невработеноста. Резултатите од Програмата за самовработување, преку која беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти, покажуваат дека ваквиот пристап има конкретен ефект во поттикнувањето на претприемништвото.

Оперативниот план за 2026 година опфаќа над 10.000 лица и предвидува буџет од речиси 40 милиони евра, при што значителен дел од средствата е насочен директно кон мерки за вработување. Фокусот на младите останува конзистентен, со предвидено вклучување на 6.000 млади лица до 29 годишна возраст. Политиките на Владата во оваа област се насочени кон создавање поактивен и поинклузивен пазар на труд, со зголемена поддршка за младите, јасна ориентација кон економска стабилност и создавање услови за нивно задржување во земјата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер