ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

Од:

СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДС остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците. Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни. Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на владата на СДС и ДУИ за периодот 2021 -2023 година тогаш доаѓаме до вкупна сума која за 3 години е помала од 14 милијарди денари. За разлика од владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно ќе има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години отколку што СДС и ДУИ, исплатиле за 3 години. Ова е вистината, а не конструкции на безидејната СДС која се обидува да ги манипулира земјоделците и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во однос на сточарите и млекото, СДС како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко. Особено е апсурдно што токму СДС зборува за млекопроизводството, сектор во кој со месеци не беа исплаќани субвенции за предадено млеко. Денес за прв пат после десет години во 2025 година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024 година. Зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024 година.

Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар. И во производството на пченица лани за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица. Наместо поддршка, од СДС земјоделците добиваа празни ветувања и оправдувања. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците