Стејт департмент: Лани над 26,29 отсто од барателите од Северна Македонија за виза во САД се одбиени

Од:

На официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент се објавени податоци за процентот на одбиени барања за виза за САД во 2022 година. Во објавената статистиката по држави од кои се примени барањата, се наведува дека лани биле одбиени 26,29 отсто од барањата од апликанти од Република Северна Македонија.

Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20 отсто барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 отсто од Хрватска, 13,47 отсто од Словенија, 19,45 отсто од Србија, 17, 93 од Косово, 27,55 од Албанија и 34 отсто од Црна Гора.

На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно барање или дури не побарале виза. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.

Од барањата за виза за САД биле одбиени и 3,66 отсто од Аргентина, Австрија– 6,97 отсто, Барбадос 6,55 отсто, Брунеи 5,41 отсто, Швајцарија 3,05 отсто, Папуа Нова Гвинеја 4,93 отсто, Гватемала 5,45 отсто, Исланд 3,24 отсто, Израел 2,27 отсто и Тајван 4,56 отсто.

Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 отсто, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.

Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал со 66 отсто, Авганистан 52 отсто, Бурунди 69 отсто, Канада 58 отсто, Чад 69 отсто, Куба 56 отсто, Џибути 74 отсто, Науру 66 отсто, Гвинеја Бисао 61 отсто, Иран 54 отсто, Руанда 62 отсто, Јемен 56 отсто…

Би можело да ве интересира

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Гостиварка останала без пари: Измамничка за 1.700 евра и ветила виза за европска држава

Со косовски пасош во ЕУ без виза – Косово доби безвизен режим

А1он

Балтичките земји договорија влез за Руси само во исклучителни ситуации

А1он

Германија и Франција се против забраната за издавање визи за руските туристи

А1он

Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022

Ана Ололовска