„Стани Бугарин за само 250 денари“: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност

Од:

Измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност, ја засили кампањата на бугарските организации за вадење на бугарски пасоши со доказ за „бугарски произход“ кој ќе чини само 250 денари.

Според математиката на здружението „Фондација Македонија“ од Софија кое е можеби и најактивно на територијата на нашата земја во промовирањето на бугарските пасоши, доказ за бугарско потекло отсега ќе може да се вади и со вадење на македонски извод ако во графата за етничка припадност се впишеме како Бугари.

„Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од С. Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, порачаа од здружението“, објавија од Фондацијата.

Досега македонските граѓани плаќаа по стотина евра на разни посредници кои им вадеа документи за бугарско потекло, но ова би бил далеку полесен начин за вадење на пасош со кој стотина илјади граѓани заминаа на печалба во земјите на ЕУ, како и полесен начин да се засили бугарската пропаганда.

Со Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на одржување, заштита и чување на матични книги и документација кое го изработи Министерството за правда отсега во изводите од матичните книги има и графа за етничката припадност, односно националност.

Со оваа измена ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ, но според министерот за правда, Кренар Лога, за секоја можна злоупотреба на етничката припадност во постапка на вработување по етничкиот балансер ќе може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична за матичар од Скопје, издал лажен извод од матичната книга на родени

Не смее да се впишува националност во изводите: Уставен суд донесе времена мерка

A1on

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Уставниот суд ги поништи изводите со графата националност

A1on

Прв бугарски фудбалски тим во Македонија после 80 години: “Купивме клуб, името не го кажуваме да не го избркаат од Трета лига“

A1on

Бугарска фондација отвора пет медиуми: „Македонски новинари ќе пишуваат објективни политички вести“

A1on