ДУИ: ЕУ тврди дека Македонија станала отворен терен за руската пропаганда

Од:

Најновиот извештај на европратеникот Томаш Вајц во Европскиот парламент претставува алармантно обвинение за насоката во која се движи Северна Македонија под раководство на коалицијата ЗНАМ–ВМРО–ВЛЕН. Овој извештај потврдува токму она на што ДУИ со месеци предупредува: државата се претвора во експериментален терен за најдеструктивните антизападни влијанија на континентот, велат од ДУИ.

„Според извештајот, Северна Македонија станала отворен терен за руската пропаганда, за нетранспарентното економско влијание на Кина и за пренесување на овие влијанија преку политички и медиумски мрежи поврзани со концептот на „српскиот свет“. Унгарија и Србија играат улога на посредници, зајакнувајќи го авторитарното присуство и поткопувајќи го евроатлантскиот пат на земјата. Пропагандата против Европската Унија, која се шири преку домашните медиуми, ја злоупотребува идентитетското прашање за да го прикаже интегративниот процес како закана, а не како надеж.

Дополнително, извештајот отвора загриженост за постоење на стари мрежи од тајните служби, кои можат да бидат инфилтрирани и поврзани со странски интереси.

Наместо сериозен одговор, оваа Влада молчи. Наместо да го брани институционалниот суверенитет и западната ориентација на државата, таа дозволува Северна Македонија да тоне во изолација и инструментализација. Ова е резултатот кога власта им се предава на туѓи агенди, додека се занемаруваат најважните партнери на државата – Европската Унија и НАТО.

ДУИ со државотворна одговорност алармира: патот што го следи оваа влада е пат на изолација, институционално заробување и поткопување на демократскиот поредок. Иднината на нашите граѓани не лежи во зависноста од авторитарниот Исток, туку во целосната интеграција во европското семејство – со силни институции, транспарентна економија и одржлив мир“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче