МВР: Кривична за матичар од Скопје, издал лажен извод од матичната книга на родени

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(33) од Скопје, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и за „фалсификување службена исправа” против М.К.(30) и Ј.М.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

– Првопријавениот, вработен на работно место помлад референт-матичар, по претходен усмен договор со второ и третопријавените, без примено писмено барање за издавање на извод од матичната книга на родени, изготвил и заверил со свој потпис и службен печат извод од матична книга на родените за нивното малолетна ќерка, во која внел невистинити податоци, односно матичен број кој бил непостоечки. Таквиот извод тие го употребиле во Одделението за управни работи Скопје како прилог на барањето за издавање на патна исправа на малолетната ќерка – тврди полицијата.

Би можело да ве интересира

Не смее да се впишува националност во изводите: Уставен суд донесе времена мерка

Орце Костов

Изводот со графа за етничка припадност надвор од употреба: Уставен суд се сомнева во законитоста на упатството

Орце Костов

Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска, очекувам Уставен суд да го укине Упатството за матични книги

Орце Костов

„Стани Бугарин за само 250 денари“: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност

Орце Костов