Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Од:

Борче Стамов од Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ вели дека нивната поддршка се зголемува од ден во ден.

Тој вели дека на претстојниот вонреден конгрес на 28 март во Скопје очекуваат поголема посетеност од конгресот во Валандово, кога за лидер беше избран Христијан Мицкоски.

„367 делегати во Валандово го дадоа својот глас за Мицкоски и заслужуваат да слушнат од него дали е задоволен од тоа каде партијата се движи. 17 вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток“, рече Стамов.

Тој ги повика заинтересирани за лидерското место треба да подготват програма со која ќе настапат пред делегатите.

Мотото под кое ќе се одржи вонредниот конгрес е „Сплотени кон победа“.

„Без силно и обединето ВМРО ДПМНЕ не можеме да се надеваме на силна и обединета Македонија. Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ не е на висина на името што го носи тоа се одразува на државата. На ВМРО ДПМНЕ му треба будење и соочување со реалноста, нова енергија која ќе го одведе во нови победи. Нема искрен член на ВМРО ДПМНЕ кој не е загрижен за правецот во кој се движи партијата“, вели Стамов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска

Коневски: Брутални навреди и омаловажувања кон секој што бара смена на Мицкоски

Ана Ололовска