А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стамов: Вонреден конгрес ќе има бидејќи партијата не е хидроцентрала на Мицкоски

by А1он24/09/2020 - 08:5224/09/2020 - 14:111572
Share0

„Mафија што му служи на Заев се оние кои му глумат статисти на избори и ги бројат поразите одбивајќи да понесат било каква одговорност. Mафија што му служи на Заев се оние кои ја растураат ВМРО-ДПМНЕ и не дозволуваат промени, форсирајќи политика која што ги оддалечува гласачите од партијата“, пишува Борче Стамов на својот Фејсбук профил.

Добивај вести на вибер

Mафија што му служи на Заев се оние кои му глумат статисти на избори и ги бројат поразите одбивајќи да понесат било…

Posted by Borce Stamov on Среда, 23 септември 2020

„Мафија што му служи на Заев се оние кои не мрднаа со мал прст за да ги заштитат членовите на партијата, кои се жртви на политички прогон.

Мафија што му служи на Заев се оние за кои беа објавувани информации за сомнително стекнати хидроцентрали, но институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев, одлучија да не ги чепкаат.

Мафија што му служи на Заев се оние кои со непотизам се стекнале со звања на факултети, но повторно институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев ги прикриваат.

Мафија што му служи на Заев се оние кои што државните пари за предизборно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ ги делеле по портали кои никој не ги чул ниту видел.

Мафија што му служи на Заев се оние кои одат по теретани и кафеани, ангажираат полиција, фрлаат снимки од камери по буриња за време на корона рестрикции, но институциите за кои се вели дека се под контрола на Заев ги амнестираат.

Додека едни членови на ВМРО-ДПМНЕ добиваат притвори и затворски казни од судовите и обвинителствата, други добиваат ослободување од кривичен прогон.

Затоа се уште актуелниот Претседател Христијан Мицкоски е во паника и губи глас кога треба да изглуми некаква загриженост.

Мицкоски е прочитан. Тој нема капацитет да го поведе членството и народот. Ваков Мицкоски му одговара на СДСМ и Заев да биде доживотен претседател.

Единствен излез од целосно разнебитување на партијата е одржување на нов вонреден конгрес.

Вонреден конгрес ќе има бидејќи партијата не е хидроцентрала на Мицкоски. Или ВМРО-ДПМНЕ или Христијан Мицкоски“, пишува Стамов од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

inicijativen odbor dpmne

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска13/05/2021 - 11:5113/05/2021 - 11:52

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски19/03/2021 - 10:1119/03/2021 - 10:13

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски18/03/2021 - 17:2619/03/2021 - 00:22

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска20/02/2021 - 12:2820/02/2021 - 15:06

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска17/02/2021 - 08:57

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска16/02/2021 - 10:0816/02/2021 - 10:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен