ССНМ бара казна за напаѓачите на новинарите

Од:

ССНМ најостро го осудува вандалскиот напад врз новинарската екипа на порталот А1он, којшто се случи вечерва за време на протестот организиран од неформалната граѓанска иницијатива Заедничка Македонија.

Учесници на денешниот протест ги претепале снимателот Владимир Желчески и новинарот Александар Тодевски во близина на Собранието и целосно им ја уништиле камерата.

По инцидентот екипа на Брза помош ги пренела колегите во Ургентниот центар.

Синдикатот бара полицијата во најкраток можен рок да ги пронајде напаѓачите и да го расчисти инцидентот, бидејќи ова не е прв пат да се претепуваат новинари и она што најмногу загрижува е што најчесто напаѓачите остануваат неказнети.

Од новинарскиот синдикат велат дека токму ваквиот однос кон новинарската професија, меѓу другото, придонесува Македонија секоја година дополнително да тоне на меѓународните листи за слобода на печатот и да гравитира поблиску до земји како Северна Кореја, отколку до современите демократии.

„Дополнително, овој инцидент е резултат на неодговорните политичари и нивните приврзаници чиј говор на омраза преку медиумите и социјалните мрежи токму на ваков начин се сели на улиците.

Со оглед дека протести се најавени и во наредните денови, ССНМ ги повикува членовите на иницијативата за Заедничка Македонија и нивните поддржувачи да направат сѐ што е во нивна можност овој инцидент да не се повтори и да им овозможат на новинарите да си ја вршат работата без да стравуваат за својот живот.

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време